СДСM, ЗАЕВ И КОВАЧЕВСКИ ДАЛЕ 280.000 ЕВРА ЗА ФЕЈСБУК РЕКЛАМИ Грдни пари за пропаднати политики

280 илјади евра СДСМ, Заев и Ковачевски потрошија за дефокус на народот, додека браќата на Заев и Филипче градеа фотоволтаични централи заедно и додека владата на Ковачевски даваше земја за соларна централа на неговата сопруга, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

325

Додека ја крадеа државата СДСM, Зоран Заев и Димитар Ковачевски потрошиле 280 илјади евра за реклами на Фејсбук, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„280 илјади евра завршија на промоција на пропаднатите политики на СДСМ, Заев и на Ковачевски, кои ја упропастија државата. СДСМ, Заев и Ковачевски, дадоа 280 илјади евра да ја покријат одговорноста и за модуларната болница во Тетово, и за Дурмо Турс и за тендерите на Васко Ковачевски, и за сите криминали и рекети кои ги направија. 280 илјади евра СДСМ, Заев и Ковачевски потрошија за дефокус на народот, додека браќата на Заев и Филипче градеа фотоволтаични централи заедно и додека владата на Ковачевски даваше земја за соларна централа на неговата сопруга. Наместо за народот, СДСМ, Заев и Ковачевски потрошија 280 илјади евра за нивните лаги и манипулации“, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини