СДСМ ЗА РУБРИКАТА „ДА НЕ ТИ СЕ ВЕРУВА“ Данокот за струја да се намали од 18% на 5%, а за основните прехранбени производи – да се укине?!
„Ове веќе не е ни популизам, ова се налудничави предлози“, коментира за Плусинфо економски експерт, кој предупредува дека она што сега го предлага СДСМ само незначително ќе ја намали цената на храната, а ќе отвори голема дупка во државниот буџет.
Пратеничката група на СДСМ до Собранието денеска поднесе неверојатен предлог, со кој бараат намалување на ДДВ за електричната енергија од 18% на 5% и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, односно негово намалување од 5% на 0%.
Како што информира на денешната прес-конференција пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, со овие предлог-измени бараат „системска реализацијата на две од седумте економски мерки на СДСМ“.
– Ова веќе не се популистички, туку буквално налудничави предлози. Нема да коментирам за тоа зошто СДСМ не ги донесе тие мерки кога беше на власт, иако и тоа е добро прашање. Едноставно, мерките се ирационални и нема ништо битно да променат. На пример, до што ќе доведе намалувањето на ДДВ за основните прехранбени производи од 5% на 0%? Цените ќе се намалат само за безначајани 5%. Просто е неверојатно како СДСМ ја замислува економијата во една земја – коментира економски експерт за Плусинфо.
СДСМ критикува дека мерките како намалувањето на маржите и антикризните празнични кошнички доживеале фијаско, а заборава дека министрите во владите на Зоран Заев и на Димитар Ковачевски не излегуваа од супермаркетите, фалејчи се со нивните кошнички и со храната која наводно поевтинува.
По сменувањето на власта, одеднаш сите се сетија дека храната е скапа и дека сите производи се поскапени.
„Во времето на СДСМ имаше и таканаречени луксузни производи, за кои Владата стави повисок данок, но на листата се најдоја производи како сладоледот, чипсот и лутеницата, иако требаше со повисок данок да се производи како перки од ајкула или кавијар. Подоцна листата се ревидираше, но Владата во која вицепремиер за економски прашања беше токму Фатмир Битиќи процени дека чипсот, гумите за џвакање и сладоледот се нездрави, па затоа биле луксузни производи. Инфлацијата во 2022 достига рекордни 20%“, коментира ТВ Алфа.
Телевизијата потсетува дека за време на ковид-кризата, две години владата замрзнуваше цени, ограничуваше маржи, но никако не најде рецепт да стави ред во трговијата.
„Се случи да имаме празни рафтови. На пример, кризата со масло за јадење во Македонија траеше со недели. Масло не можеше да се најде речиси никаде, а цената онаму каде што го имаше беше и до 130 денари за литар. Последно, во 2024 година, нивната мерка беше т.н. загарантирана цена, трговците не ја послушаа тогашната влада па имаше и затворање маркети“, коментитра ТВ Алфа.