СДСМ ЗА ОБВИНУВАЊАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПРИТИСОК НАД ПРАТЕНИЦИТЕ Мицкоски бара алиби бидејќи му испарува мнозинството
Партијата вели дека Пратеници од опозицијата самите признаваат дека потписите за Иницијативата за недоверба на Владата се собрани преку меѓусебни лаги и измами - велат од СДСМ..
ВМРО-ДПМНЕ е таа која се закануваше кон пратеници, дури и потписите за недоверба на Владата се собрани преку лаги и измами, реагира СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека Зоран Заев и тие околу него вршат притисок на пратениците кои се приклучија на мнозинството за уривање на владата.
– Расте нервозата во ВМРО-ДПМНЕ откако станува јасно дека на Христијан Мицкоски му испарува мнозинството во Собранието, па затоа денеска од Белиот дворец се обидуваат да најдат алиби во наводни закани кон пратеници. Пратеници од опозицијата самите признаваат дека потписите за Иницијативата за недоверба на Владата се собрани преку меѓусебни лаги и измами – велат од СДСМ..
Според СДСМ, граѓаните не забораваат дека токму ВМРО-ДПМНЕ и нејзини високи функционери се закануваа кон пратеници кои гласаа за уставните измени и очигледно дека тоа ВМРО-ДПМНЕ сака да го направи и денес.
– Пратениците да бидат спокојни, државата, институциите ќе ги заштитат од заканите на ВМРО-ДПМНЕ, обидите за закани и притисоци нема да им успеат – велат од СДСМ.