СДСМ ВОДИ АНТИДРЖАВНА ПОЛИТИКА Партијата е поданичка и коленичи пред соседите
Благодарение на сервилниот однос кон туѓите интереси на штета на државните, само и само Заев да остане на власт или, пак, сега Филипче да ја задржи претседателската фотелја, СДСМ е во ќорсокак и е претворена во прокси партија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Некогаш големата и државотворна партија СДСМ, поради лошите, предавнички и поданички политики се сведе на едвај 130.000 гласа, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Освен што СДСМ, кога беше на власт спроведуваа антидржавна политика, сега од опозиција, по насока на Венко Филипче, Зоран Заев и Зоран Башановиќ продолжуваат со промовирање на таквата политика. Благодарение на таквиот сервилен однос кон туѓите интереси на штета на државните, само и само Заев да остане на власт или, пак, сега Филипче да ја задржи претседателската фотелја, СДСМ е во ќорсокак и е претворена во прокси партија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
И сето ова, се додава,се случува по директни насоки и директиви на куќниот пријател и советник на Заев, Башановиќ.
„Поданичкиот однос и коленичењето спрема одредени наши соседи и уважувањето на сите нивните барања, на сметка на интересите на Македонија, е антидржавна политика која ја има и во статутот на СДСМ. Филипче, Заев ја промовираат ваквата политика преку пиар стратегијата контролирана од нивниот пријател Башановиќ и со тоа ги предаваат и партиските и националните интереси, кои се штетни и за државата и за македонскиот народ. Токму затоа и рејтингот на СДСМ и Венко Филипче, може да се каже дека е на ниво на статистичка грешка кој може да се изброи на прсти“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Потрагично од сето ова е што СДСМ и Филипче се чудат зошто е тоа така и не извлекле поука од последователните катастрофални изборни порази. додава партијата.
„Не ги научија лекциите кои народот им ги одржа и продолжија да делуваат антидржавно, а сега и по насока на советникот на Заев, Зоран Башановиќ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.