СДСМ ЌЕ ИЗБИРА НОВ ЛИДЕР, ПОСТАПКАТА ЗАПОЧНУВА ВО ВТОРНИК Заев не открива дали Ковачевски ќе биде негов наследник

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва најави дека во вторник ќе го свика Централниот одбор на СДСМ за да му биде ефектуирана оставката и со тоа да почне постапката за избор на нов претседател на партијата и мандатар на владата.

1,914

По завршувањето на средбата со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, премиерот Зоран Заев не сакаше да открие дали заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски е идниот мандатар, односно идниот лидер на СДСМ.

Сепак, тој најави дека во вторник ќе го свика Централниот одбор на СДСМ за да му биде ефектуирана оставката и со тоа да почне постапката за избор на нов претседател на партијата и мандатар на владата.






– Димитар Ковачевски е актуелен заменик-министер за финансии. Тој е член Извршниот одбор, член на раководството на СДСМ. И денеска е во тоа својство овде. Секако тој е и претседател на Комисијата за финансии, член и на штабовите на СДСМ и еден од моите први соработници. А СДСМ ќе си одлучи преку членството по пат на непосредни избори кој ќе биде следниот претседател на СДСМ – рече Заев.

На новинарско прашање зошто на средбата не е присутна заменик-претседателката Сања Лукаревска или некој од потпретседателите на партијата, Заев одговори:

– Јас одлучив дека треба да го поканам токму Димитар Ковачевски да биде денеска со мене.

Поврзани содржини