СДСМ: ВМРО го обвинува Шилегов, а не кажува дека Трајановски склучил договор за истата работа со истата компанија

Наместо своите деструкции, измислици и манипулации, ВМРО-ДПМНЕ може само да учи од градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, како изгледа вистинска грижа за градот Скопје и неговите жители – се вели во реакцијата од СДСМ.

930

ВМРО-ДПМНЕ е толку забегана во своите конструкции што почна ја обвинува СДСМ за работи направени токму од опозицијата во белата палата, стои во реакцијата од владејачката партија.

– Деновиве Наум Стоилковски, портпаролот на опозициската партија, истури обвинувања на сметка на скопскиот градоначалник Петре Шилегов за склучен договор за снимање со дрон, а не кажа дека поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, додека бил на чело на Градот склучил договор за истата работа со истата компанија – велат од СДСМ.






Оттаму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ нема што да каже за работата на Шилегов, кога Скопје и во услови на пандемија насекаде се гради, уредува, унапредува и подобрува, па затоа ќе се обидува да измислува лажни скандали и конструкции.

– Во Скопје во изминатите 3,5 години, меѓудругото се завршени четири нови булевари, реконструиран е цел клинички центар и изградена монтажната болница и се завршува мостот на Вардар во Аеродром. Секоја година се градат десетици километри нови велопатеки, се подигаат илјадници метри квадратни нови зелени површини и истовремено се уредуваат запуштени јавни простори, десетици нови дрвореди, се подигаат зелени кровови, се пробива и расчистува кејот на Вардар низ градот се движат 33 нови МАН автобуси на гас, а загадувањето на воздухот во Скопје бележи континуиран пад – стои во партиското соопштение.

Од СДСМ ги обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека во време на нивното режимско владеење потрошија стотици милиони евра, пари на граѓаните,  за споменици, лажен барок, палми, лавови и жални врби, го претворија Скопје во град од бетон и стиропор.

– Наместо своите деструкции, измислици и манипулации, ВМРО-ДПМНЕ може само да учи од градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, како изгледа вистинска грижа за градот Скопје и неговите жители – се вели во реакцијата од СДСМ.

Поврзани содржини