Замислете, со 2.000 амандмани ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски се обидува да го блокира законот за нов Клинички центар. Ова е тенденциозно, безобразно и злонамерно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, срамно кон сопствената држава, кон сопствените граѓани и кон јавното здравство, обвини СДСМ.
Од таму велат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ исто вака се обидувале да ги закочат и измените на Законот за здравствена заштита.
– Новиот Клинички центар им беше често политичко ветување пред избори, ВМРО-ДПМНЕ 11 години лажеа дека ќе изградат нов Клинички центар, а од нивните лаги останаа само лимени тараби на една парцела во комплексот клиники. Денес, како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ се противи на изградба на нов модерен клинички центар што Скопје и државата ќе го добијат за првпат по цели 80 години, и кој ќе обезбеди квалитетен и долгорочно одржлив систем на здравствена заштита како виисоки стандардни услови за работа на медицинскиот персонал – велат од СДСМ.
Од партијата велат дека поднеле амандман со кој се наложува задолжителна ревизија на целиот процес од страна на реномираната ревизорска компанија и дека тоа гарантира транспарентна и отчетна процедура од финансиска гледна точка. СДСМ ги повикува пратениците од опозицијата во интерес на здравјето на граѓаните и напредокот на државата да ги повлечат 2.000 амандани и да го одблокираат процесот.