СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема допир со реалноста, ОБСЕ веќе потврди дека ќе ги набљудува изборите
Државата веќе шест месеци нема активен парламент, институциите се изјаснија дека нема потреба од продолжување на вонредната состојба, само ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, соочени со пораз на изборите упорно се обидуваат да ја држат државата во заложништво без целосно функционални институции, се вели во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ во очаен обид за собирање евтини политички поени и избегнување на изборите, сега се обидува да ги манипулира граѓаните дека изборите нема на да ги набљудуваат меѓународни набљудувачи, наведено е во партиското соопштение од СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ и Иванка Василевска немаат допир со реалноста, ОБСЕ веќе потврди дека ќе ги мониторира изборите. Избори со набљудувачка мисија се избори за доброто на народот и државата, изборите се потребни за формирање функционални институции, кои ќе им служат на граѓаните со полн капацитет. Државата веќе шест месеци нема активен парламент, институциите се изјаснија дека нема потреба од продолжување на вонредната состојба, само ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, соочени со пораз на изборите упорно се обидуваат да ја држат државата во заложништво без целосно функционални институции“, се вели во соопштението.