СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против пописот, лага е дека опозицијата не е консултирана
Република Северна Македонија конечно ќе добие попис според меѓународните прописи и стандарди на ЕВРОСТАТ, а ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Мицкоски нема да успеат да ја спречат оваа статистичка операција која е важна за државата и граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ.
Како и многупати досега, ВМРО-ДПМНЕ се однесува деструктивно секогаш кога се работи за проекти важни за граѓаните и државата, соопшти СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ не сака да се одржи попис. ВМРО-ДПМНЕ е против пописот. Лага е дека опозициската партија не е консултирана. Истовремено, постои можност пратениците од ВМРО-ДПМНЕ низ собраниската процедура да поднесат амандмани и истите да ги аргументираат во јавноста. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ цело време го кочи пописот исто како и кога беше власт, кога заради нивната неспособност пропадна пописот во 2011 година и кога напразно се потрошија три милиони евра народни пари. Република Северна Македонија конечно ќе добие попис според меѓународните прописи и стандарди на ЕВРОСТАТ, а ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Мицкоски нема да успеат да ја спречат оваа статистичка операција која е важна за државата и граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.