СДСМ ТВРДИ ДЕКА КРЕДИБИЛИТЕТОТ НА АНБ Е НАРУШЕН Опозицијата вината ја гледа во назначувањето на директорот Бојан Христовски
СДСМ ќе се воздржи од коментари додека надлежните истражни органи не утврдат фактичка состојба во врска со наводите за нелегални прислушувања на луѓе од АНБ во периодот од 2019 до 2024 година.
СДСМ внимателно ги следи информациите објавени во медиумите, откако Агенцијата за национална безбедност (АНБ) минатата недела соопшти дека доставила три известувања до Јавното обвинителство против поранешен директор и група вработени поради индиции за незаконско, непрофесионално и неетичко постапување во периодот 2019 – 2024.
Според брифинзи пренесени од повеќе медиуми, биле оформувани предмети за оперативни обработки насочени кон лидерот на поранешната опозиција и сегашен премиер Христија н Мицкоски, јавен обвинител, поранешен министер и кон новинари.
– Факт е дека кредибилитетот и довербата на граѓаните во АНБ се целосно нарушени, по скандалот со назначениот партиски директор, Бојан Христовски. АНБ се партизира и се става во функција на ВМРО ДПМНЕ и можноста од злоупотреби е огромна. Оттука, СДСМ ќе се воздржи од коментари додека надлежните истражни органи не утврдат фактичка состојба. Очекуваме транспарентна и законска постапка да даде одговори на сите прашања. Убедени сме дека незаконското следење заврши со падот на режимот на ВМРО ДПМНЕ – изјави за Плусинфо Богданка Кузевска, портпарол на СДСМ.