СДСМ ТРЕБА ДА СЕ ИЗВИНИ ШТО МОЛЧЕШЕ ЗА КРИМИНАЛИТЕ НА ГРУБИ Петрушевски бара СДСМ да признае дека бил сервилен на ДУИ
Очигледно, за молчењето од страна на СДСМ имало причина, има нешто со што Груби ги држел во раце, вели Петрушевски.
СДСМ додека беа на власт се правеа слепи при очи и глуви при уши. Едноставно најмногу им одговарало да глумат во филмот „Не сме од тука“ кога станувало збор за нивниот коалициски партнер ДУИ, поточно кога станувало збор за Артан Груби, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ
– Mногу е јасно дека во СДСМ биле свесни за сите криминални активности како за скандалот Лотарија, луксузните објекти, потоа приказните на Груби како автомобилот му го дале на заем да го вози и што уште не. Сите се свесни дека станува збор за криминални активности. И ако тоа е толку очигледно, а и резултираше неодамна со ставање на Груби на црната листа на САД, знаеле и СДС додека беа со нив во коалиција. Цела јавност знаеше за постапките на Груби, медиумите јавуваа секојдневно, а алармиравме и ние како партија и тоа долг период – изјави на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
Тоа додава дека тоа говори дека СДСМ премолчуваше за криминалните активности на Груби, или едноставно кажано го дозволиле неговото криминално делување.
– Очигледно, за молчењето од страна на СДСМ имало причина, има нешто со што Груби ги држел во раце. Сега за почеток СДСМ треба да се извини на целата јавност, на сите граѓани за премолчување на овој криминал, за кражбата на народните пари. СДСМ треба и да се охрабри, да ја признае својата сервилност кон ДУИ. СДСМ ова треба да го направи и за себе, за да прекине да биде партија на уценети политичари на кои единствено им се важни само личните и партиските интереси. Едноставно е, јавноста треба да знае, а СДСМ треба да го направи првиот чекор да признае и да се извини на граѓаните – рече Петрушевски.