СДСМ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА ШИРЕЊЕ СТРАВ СО ЛАГИТЕ ЗА МИГРАНТИТЕ Наместо да се извини, партијата продолжува со деструктивна политика

Денеска, скоро 4 месеци подоцна нема ниту договори, ниту преговори, ниту пак планови за отворање мигрантски кампови во Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

109

СДСM на чело со Венко Филипче и Зоран Заев имаат една единствена стратегија, а тоа е ширење лаги, паника и манипулации со цел да се дефокусира јавноста од неуспесите на СДСМ и од политичкиот хаос во кој се наоѓаат, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и Филипче со месеци наназад пласираа невистини дека наводно се подготвуваат договори за отворање мигрантски кампови во Република Македонија и дека државата ќе стане место за мигранти во Европа. Со таквите неодговорни изјави СДСМ свесно се обидуваше да создаде страв и несигурност кај граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.






Денеска, се додава, скоро 4 месеци подоцна нема ниту договори, ниту преговори, ниту пак планови за отворање мигрантски кампови во Македонија.

„Ова беше потврдено и од највисоките државни институции, како и од меѓународни претставници. Филипче и неговите лаги беа демантирани и разобличени од претседателот на Владата, претседателот на државата, министерот за надворешни работи и од британскиот амбасадор“, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и Венко Филипче уште еднаш се фатени во лага, додава партијата.

„Наместо да се извинат на граѓаните за ширењето паника, тие продолжуваат со истата деструктивна политика, да измислуваат теми, да шират страв и да ја трујат јавната дебата предводени од српските пи-ар агенции на Башановиќ. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија повторно да биде жртва на неодговорните политики и лажни наративи на СДС какви што гледавме во минатото. Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ останува стабилноста, безбедноста и заштитата на националните интереси“, се вели во соопштението.

Граѓаните заслужуваат вистина, а не лаги; додава ВМРО-ДПМНЕ.

„Заслужуваат одговорна политика, а не политичари кои за ситни политички поени се подготвени да ја вознемируваат целата јавност. Затоа СДСМ и Венко Филипче треба да одговорат пред граѓаните за лагите што со месеци ги пласираа. Македонија нема да биде заложник на СДСМ, на нивната политика на манипулации и деструкција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини