СДСМ СОСТАВИ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ ЗА САМОАМНЕСТИЈА Е па не може така, порача Максо од Тетово

„Не сакам да видам како се превртуваат автобуси затоа што немаат технички преглед. Живи луѓе да горат по болници, наместо да ги лекуваме, ние ги убиваме. И денеска ги гледам истите луѓе кои се најодговорни за таквите нешта, се шетаат по Македонија“, рече претседателскиот кандидат на ЗНАМ во Тетово.

538

Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски во Тетово рече дека се наоѓаме пред историски чин. Граѓаните можат да ја променат таа состојба и за првпат во Македонија да се гласа за, а не против. Тој рече дека сме жртви на два политички субјекта од македонскиот  блок и два од албанскиот.

– На Македонија ѝ треба претседател, обичен човек, којшто ќе тргне од нив и ќе биде со нив. И затоа со право  можам да кажам дека јас сум еден од тие.






– Не сакам да видам како се превртуваат автобуси затоа што немаат технички преглед. Живи луѓе да горат по болници, наместо да ги лекуваме, ние ги убиваме. И денеска ги гледам истите луѓе кои се најодговорни за таквите нешта, се шетаат по Македонија, исто како во корона кризата, кога правеа пи ар кампања во владата и направија огромен прес центар, наместо да решаваат проблеми, како се саморекламираат и афирмираат за актуелни носители на пратенички листи. И од овде сакам да им порачам на сите такви, а тие таквите во моментов се актуелното раководство на СДСМ, кое состави пратенички листи за самоамнестија и имунитет. Едни исти луѓе во континуитет со години наназад. Ги испроменија сите функции, а граѓанинот го ставија на дното. Е па не може така – рече Димитриевски.

Тој говореше и за ситуацијата во надворешната политика и дипломатијата, нагласувајќи дека професионалните кадри се ставени во ќоше.

– Ние сите битки ги изгубивме на маса, поради неспособноста на кадрите кои доаѓаат од партиските кујни – рече тој.

Во однос на ситуацијата со Бугарија, тој рече дека нему  му пречи ставот на нашата политичка гарнитура која со потпис на наш министер  ја прифатила во преговарачката рамка составен дел да е декларацијата на бугарскиот парламент,  со која  се негира се македонско.

– Нам местото ни е во Европа, но единствено како горди, достоинствени луѓе, бидејќи Мкаедонците биле и ќе бидат Европјани по раѓање – рече Димитриевски.

Тој побара од сограѓаните Албанци, Роми, Турци, Власи, да имаат разбирање  кон нас Македонците, бидејќи со ваквиот договор се решава еден суштински проблем на македонскиот народ.

– Нашата цел не е да го делиме народот. Нашата цел е  да го обединиме народот. Првенствено македонскиот, а потоа и сите граѓани на Македонија.

Димитриевски потенцира дека ќе се дефинираат македонските национални црвени линии и ќе се изгради консензус по сите прашања и дополнително ќе се седне со нашите пријатели и Албанци, но и сите останати етнички заедници што живеат во Македонија. И ќе се договориме како ќе креираме поубава иднина.

 

Поврзани содржини