СДСМ СО НОВИ КЛЕВЕТИ И НАВРЕДИ КОН ГЕРОСКИ Партијата го обвинува уредникот на Плусинфо за „садизам, нарцизам, психопатија“
СДСМ и денеска ја продолжи серијата клевети и напади кон уредникот на Плусинфо Бранко Героски.
Во соопштение под наслов „Геровата ‘Војна и мир’“ СДСМ изнесува нови клевети за личноста на Героски за кого вели дека покажал „агресија, садизам, нарцизам, макијавелизам, психопатија“.
Уредникот Героски најави дека во текот на денот ќе одговори на новите напади изнесени од СДСМ.