СДСМ СКОКНА ВО ОДБРАНА НА ДУИ Опозицијата обвинува дека Ковачевски го штити криминалот на партнерот

Цели две децении ДУИ е дел од сите скандали и афери на оваа држава, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

526

ДУИ и СДСМ се двете партии кои не направија ништо ниту за Македонците, ниту за Албанците, но најмногу направија за своите џебови и богатење на лични сметки. СДСМ застана во одбрана на својот партнер во криминалот и власта ДУИ и реагира на сè погласните прозивки за скандалите кои се случуваат и во дворот на ДУИ, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Тоа е така поради тоа што и СДСМ и ДУИ се лицето и опачината на криминалот во Македонија. Соопштенијата со одбрана на СДСМ само кажуваат каква криминална група владее со државата. ДУИ и Ахмети секогаш кога сака да се додвори на странците се откажува од Косово, и го сака Отворен Балкан каде Косово не се споменува, а секогаш кога крадат и врват тендери во 4 очи тие глумат загрижени патриоти. СДСМ секогаш кога им требаат гласови ветуваат лажно сè и сешто, и не исполнуваат ништо, а кога ќе треба да крадат тие се најдобри партнери на ДУИ. Ваквата политика и Македонците и Албанците, како и сите останати граѓани во Македонија ги донесе на работ на егзистенцијата. Цели две децении ДУИ е дел од сите скандали и афери на оваа држава“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини