СДСМ СЕ СВЕДЕ НА 100.000 ГЛАСОВИ, ТВРДИ МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ Лидерот на ЗНАМ му порача на Филипче дека нема никакви социјалдемократски вредности

За жал, една некогаш државотворна партија каква што беше СДСМ денес се сведува под 100.000 гласови и секојдневно ја напуштаат сите нејзини вистински членови и се придружуваат на ЗНАМ, бидејќи препознаваат дека нашето Движење е политичка партија која се создаде од обичните луѓе и ги држи крушевските и асномските идеали - изјави Димитриевски.

290

„Човек кој во себе нема никакви социјалдемократски вредности, бидејќи времето го поминува во луксуз, раскош на јахти и во скапи автомобили.“ Вака му возврати лидерот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски на лидерот на опозицијата Венко Филипче, кој синоќа рече дека не дебатира „со предавници на социјалдемократската идеја и подизведувачи на ВМРО-ДПМНЕ.“

– Во континуитет поддржан од неговиот политички гуру – Зоран Заев, не може да биде човек што ќе ја претствува социјалдемократијата. Истиот ниту знае со колкав имот располага, ниту може самиот становите да си ги преброи, па оставам на јавноста да процени дали тој е вистински социјалдемократ. За жал, една некогаш државотворна партија каква што беше СДСМ денес се сведува под 100.000 гласови и секојдневно ја напуштаат сите нејзини вистински членови и се придружуваат на ЗНАМ, бидејќи препознаваат дека нашето Движење е политичка партија која се создаде од обичните луѓе и ги држи крушевските и асномските идеали – изјави Димитриевски.






Тој побара од Филипче да даде објаснување за многу отворени прашања.

– На пример, како се добива златна виза и дополнително за сите инвестиции со кои средства се прават и пласираат таму. Бидејќи за да добиеш таква виза првенствено треба да бидеш инвеститор. Како тоа еден човек, во овој случај со докторска плата поседува толкав имот – праша Димитриевски.

Тој повторно го повика Филипче на ТВ дуел.

– Јас и денеска ќе повторам. Нека избере и време и место, нека избере новинари, дури и оние апологети што му се на платен список и нека се одважи да дојде на ТВ дуел пред лицето на јавноста да ги соочиме аргументите и фактите. Па да видиме кој е подизведувач. Ете Венко, одважи се и излези да се соочиме, верувам дека ќе смогнеш храброст, ако сакаш поведи и публика со себе. Јас ќе дојдам сам – рече Димитриевски.

„СО ПРЕДАВНИЦИ НА СДСМ НЕ СЕДНУВАМ НА ИСТА МАСА“ Филипче не прифаќа дебата со Максим Димитриевски

Поврзани содржини