СДСМ СЕ СКАРА ДОМА СО СИТЕ, СЕГА ПРОБУВА ДА СЕ СКАРА И СО ДРУГИ ДРЖАВИ Од ВМРО-ДПМНЕ ѝ порачаа на опозицијата да си гледа во својот двор

51

Наместо да се реформираат, СДСМ и Венко Филипче по насока на пропаднатиот ПР тим и преку фалименто соопштенијата, се фокусираат на избори и состојби во други држави, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС со ова партиско раководство предводено од Филипче, нема реална политика, нема реформи, нема ни идеи, ниту пак програма. Единствено што има е гола пропаганда преку фалименто соопштенија што немаат врска ниту со реалноста, ниту со Македонија. Пропаднатиот ПР на Зоран Заев, составен од Башановиќ и Шчекиќ, СДС и Филипче ги насочи фокус да им бидат избори во други држави, наместо во партијата да прават реформи и промени. Филипче и СДС не си го гледаат сопствениот двор полн со неуспеси и порази, како и партијата која сѐ повеќе слабее, туку целиот фокус им е насочен на избори во друга држава, на која нивната сестринска партија освои само минорни 1% процент од гласовите. По насоките на ПР стратезите, за краток временски период, Филипче и СДС успеаја да се скараат со нивни сопартијци, со медиуми, новинари, а сега пробуваат да се скараат и со држави или нивни претставници во државата“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквата дезориентираност, нелегитимност, слабиот рејтинг и дистанцирањето на поранешни функционери од партијата, според ВМРО-ДПМНЕ, ги тера СДСМ и Филипче да водат антидржавна политика која не им оди во прилог ниту ним.

„Овие антидржавни политики кои Заев, очигледно, им ги оставил во аманет, Филипче и СДС дословно ги исполнуваат. Сето тоа е преточено во соопштенијата и прес-конференциите напишани токму од Башановиќ и Шчекиќ, ги прави да бидат опозиција која на следните избори ќе падне и под биолошкиот праг, со освојување на помалку од 100.000 гласови. Време е СДС и Филипче да се освестат и својата енергија да ја насочат на реалните потреби како на нивното членство, така и на граѓаните воопшто. На Македонија ѝ е потребна силна, кредибилна и конструктивна опозиција“, порачува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Поврзани содржини