СДСМ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ОПОЗИЦИЈА, А ВМРО-ДПМНЕ ЗА ВЛАДА Еве како политичарите ги анализираа вчерашните резултати

Сакаме да го елиминираме моментумот за давање гласови заради пазарење со функции, туку политичката поддршка да биде по принципот да се поддржи некој кандидат затоа што има квалитет да извршува некаква политичка функција во полза на државата, рече Мемов од ЗНАМ.

1,179

Анализирајќи ги изборните резултати во емисијата КЛАН дебата, Андреј Петров од СДСМ посочи дека не може да се пресликуваат претседателските со парламентарните избори.

– Едните се избори според мнозинскиот, а другите според пропорционалниот модел. Признаваме дека ВМРО-ДПМНЕ направи добар резултат. Во вториот круг ќе го дадеме целиот капацитет, затоа што Македонија заслужува да избере претседател. Граѓаните не ги препознаа нашите политики и затоа не казнија но ние ќе се бориме за секој глас, не се предаваме. Вие и да упатите порака тоа не значи дека ќе ја почитуваат. Најдемократски и најлегитимно е луѓето сами да одлучат за кој ќе го дадат граѓаните својот глас”, рече Петров.






Никола Мемов од ЗНАМ порача дека тие како партија сакаат да го елиминираат моментумот на давање на гласови и пазарење на функции.

– Ако некој е експерт за криминал и корупција, тоа се двете најголеми парламентарни партии кои меѓусебно се менуваат на власт во последните 33 години на политичката сцена во Македонија. Што се однесува на слабиот резултат на СДСМ, тој е резултат на комплетното неспособно владеење во текот на целиот мандат од 7 години. Единствено беа способни да ги рехабилитираат и воскреснат од политичкиот нокаут во 2016 година ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Од политички нокаут, сега после 7 години ВМРО-ДПМНЕ да освои 365.000 гласови, а ДУИ 120.000 гласови. Значи, позитивниот изборен резултат на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори не се должи на доброто владеење во рамките на локалната самоуправа, кадешто имаат мнозинство градоначалници, впрочем немаат никакви капитални инвестиции, туку на катастрофалното неспособно владеење на СДСМ. Сакаме да го елиминираме моментумот за давање гласови заради пазарење со функции, туку политичката поддршка да биде по принципот да се поддржи некој кандидат затоа што има квалитет да извршува некаква политичка функција во полза на државата – рече Мемов.

Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ се осврна на владеењето на СДСМ и ДУИ во изминатите осум години.

– Криминалот и корупцијата се тема број 1 во Македонија. Она што нѐ очекува после 8 мај е серизона борба. Оваа власт не правела буквално ништо, нема учебници, лекови, нема изградено ниту еден инфраструктурен објект. Членовите на ЗНАМ беа речиси 7 години дел од СДСМ и молчеа тогаш. Граѓаните сега гледаат како се води државата на централно и на локално ниво, токму затоа граѓаните ја видоа разликата и гласаа за Гордана Силјановска Давкова – рече Јанушев.

Аналитичарот Фаризи очекува ВРЕДИ да има повеќе гласови во вториот круг.

– Во 2016 година СДСМ дојдоа на власт заедно со ДУИ со цел да имаат 61 пратеник. Надежта тогаш беше голема, но подоцна после 2019 година гласовите на СДСМ почнаа да се намалуваат. ДУИ стана синоним за криминал и корупција. Ќе беше подобро во 2021 година Заев кога си даде оставка да се распишат и предвремени парламентарни избори. ВРЕДИ прават свои калкулации како да ја поддржат Силјановска во вториот круг. Јас не сум видел некоја изјава од Мицкоски или од други раководни лица на партијата да ги навредуваат Албанците. Клиентилистите не познаваат нација или фобија. ВРЕДИ треба да направи добри анализи. Се покажало во минатото дека Албанец може да гласа за Македонец и обратно. Верувам дека во ВРЕДИ ќе има мудрост и некој ќе направи добри проценки кого ќе поддржи за претседател на 8 мај – рече Фаризи.

На почетокот на емисијата Андреј Петров од СДСМ го призна поразот на неговата партија и порача дека треба да се извлече поука од изборниот резултат.

– Во споредба со минатите избори имаме помалку околу 140.000 гласови. Пораката на граѓаните е јасна спрема СДСМ. Ние треба да се бориме за секој глас во овој втор круг. Но, едно е сигурно дека ние треба да се спремаме за опозиција и да извлечеме поука од грешките. Дел од гласовите се прелеаја во некои други партии, дел од граѓаните останаа дома. Вољата на граѓаните беше голема во првиот круг иако во вториот изборен круг се почнува од нула – рече Петров.

Според Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ резултатите не биле изненадувачки.

– Најавуваме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде апсолутен победник на двојните избори и она што се случи вчера ги потврди сите наши тези. Дури и најоптимистичките анкети нѐ предвидуваа ваква убедлива победа. Но никој не споменуваше разлика од 180.000 гласови. Она што го кажувавме во 2019 година после овие 5 години на претседателствувањето на Пендаровски пукна како меур од сапуница – вели Јанушев.

Никола Мемов од ЗНАМ, партијата чиј лидер е Максим Димитриевски рече дека се задоволни од изборните резултатите.

– Очекуваме приливот на гласови значително да порасне во вториот изборен круг, да имаме најмалку 10 пратеници. Малку не изненади позитивниот број на гласови кај Силјановска Давкова. Гласовите за Давкова се повеќе партиски гласови отколку гласови за личност. Ние цело време кажувавме дека анкетите го креираат јавното мислење но ние сме нова партија и имаме одличен резултат. Очекуваме зголемување на нашите гласови за 30% а драстичен пад кај СДСМ – рече тој.

Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи смета дека за прв пат во историјата има два табора на партиите на Албанците.

– Албанците максимално може да земат од 30 до 32 пратеници затоа што толку останвме Албанци во државата, се забележува тренд на иселување. Тезата дека Албанците може да ги уценуваат македонските политчки партии паѓаат во вода. Очекувам околу 120.000 гласови за Европскиот фронт во вториот изборен круг. Мислам дека албанската опозиција може да извади повеќе гласови во вториот изборен круг – истакна Фаризи.

Поврзани содржини