СДСМ СЕ МОЛАТ ДУИ ДА НЕ ИМ ИЗЛЕЗЕ ОД ВЛАДА Николоски повикува на масовен протест, очекува 100.000 луѓе
Политичкото опстојување (на СДСМ) им е сведено на тоа што ќе прави ДУИ, па еве два дена им коленичеа на прославите и концертите по повод 20 години од основање на ДУИ, оние смешни сцени па покрај Ковачевски и Заев беше таму кој што формално е повлечен. Така што тоа е уште една потврда дека Заев од позади сцена ги влече конците и тој е главен играч во СДСМ, рече Николоски.
„СДСМ, а пред сѐ Ковачевски секое утро и секоја вечер се молат ДУИ да не им излезе од Влада, и на тој начин да им го продолжи политичкиот век уште некој месец“.
Вака зборуваше потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во ТВ-интерврју на Алфа. Александар Николоски повика на масовен протест на 18 јуни, на кој очекува над 100.000 луѓе да ја срушат власта, а „секој човек плус значи ден помалку за оваа влада“.
– Така што политичкото опстојување (на СДСМ) им е сведено на тоа што ќе прави ДУИ, па еве два дена им коленичеа на прославите и концертите по повод 20 години од основање на ДУИ, оние смешни сцени па покрај Ковачевски и Заев беше таму кој што формално е повлечен. Така што тоа е уште една потврда дека Заев од позади сцена ги влече конците и тој е главен играч во СДСМ – рече Николоски.
Тој го коментираше и фактот што денеска пратениците на СДСМ одбија во собранието да се зборува за недоличното однесување на спикерот Талат Џафери.
– Ова што го направија утринава е најлогичната работа што може да ја направат. Има таму еден интересен парадокс, а тоа е дека претседателот на комисијата вечниот Прелетачевич Панчо Минов кој што може да напише енциклопедија за политички бегства и менување на политички ставови по однос иста тема. Така што ако има енциклопедија за прелетување на македонската политичка сцена сериозно со уште еден, два лика би се борел за првото место. Е сега истиот тој претседател за деловничко и мандатно имунитетни прашања овој Прелетачевич Панчо Минов, си гласаше против предлогот кој што сам го даде. Значи сам даде предлог на дневен ред да се стави точка за испитување на работата на Талат Џафери и сам после тоа гласаше против тоа – истакна Николоски.