(ВИДЕО) СДСМ СЕ МОБИЛИЗИРА Ковачевски најави посета на секоја уличка, зграда и куќа
Избори ќе има во 2024 година. На тие избори, прво на претседателските, ќе победи кандидатот предложен од СДСМ, а потоа, на парламентарните избори ќе победи Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и заедно со коалицијата ќе формира влада со којашто ќе влеземе во Европската Унија, рече премиерот.
Лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во седиштето на партијата уште еднаш повтори дека ќе нема предвремени избори и оти тие ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година.
– Избори ќе има во 2024 година. На тие избори, прво на претседателските, ќе победи кандидатот предложен од СДСМ, а потоа, на парламентарните избори ќе победи Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и заедно со коалицијата ќе формира влада со којашто ќе влеземе во Европската Унија – рече Ковачевски.
Ковачевски на прес-конференцијата најави целосна мобилизација на општеството за, како што рече, нова победа на државава, најавувајќи теренски активности на партијата.
– Во секое населено место, во секоја уличка, во секоја куќа, зграда, во секое маало, во секоја урбана заедница таму каде што ни е местото, меѓу народот заедно со граѓаните. Рамо до рамо со народот, со сите граѓани ќе посетиме 946 населени места ширум целата држава да разговараме со нив, да го слушнеме нивниот глас за се она што најмногу им е важно, да дадеме отчет за сработеното во изминатата година, но и да кажеме што следува во наредниот период. Секој ден ќе бидеме рамо до рамо со народот, заради подобра на татковината, а не заради тоа што наредната година има избори – рече Ковачевски.
видео: МИА