СДСМ СЕ ФАЛИ СО ЕКОНОМСКИТЕ ПОЛИТИКИ Невработеноста е на историски најниско ниво

Просечната плата континуирано расте и од јуни 2017 досега е зголемена за над 6.000 денари.

326

Економските политики на Владата предводена од СДСМ ги даваат очекуваните резултати, економијата излегува од кризата витална, развојна, динамична.

Просечната плата континуирано расте и од јуни 2017 досега е зголемена за над 6.000 денари.






– Денес, стапката на невработеност е на историско најниско ниво од 16 отсто. Одговорните економски политики, новите инвестиции отвораат можности стапката на невработеност дополнително да се намали до крајот на годината – велат од владејачката партија.

Оттаму додаваат дека последните официјални податоци покажуваат раст на индустриското производство од 9,5 отсто. Во периодот јануари-јуни извозот на стоки е зголемен за 39,1 отсто, а увозот за 38,7 отсто.

– Дополнителна потврда за нашите позитивни економски политики доаѓа од агенцијата „Стандард и Пурс”, која го потврди кредитниот рејтинг на државата и смета дека економијата во 2021 година ќе излезе од кризата и ќе бележи раст на БДП од 3,7 отсто – стои во соопштението од СДСМ.

Од исклучително значење е задржувањето на кредитниот рејтинг во континуитет и покрај ефектите од коронакризата, бидејќи тоа е позитивен сигнал за инвеститорите и јасен показател за довербата во политиките коишто се водат во државата.

Поврзани содржини