СДСМ РАЗОТКРИЕНИ, ПР-ОТ ИМ ГО КРОЈАТ СРПСКИ СОВЕТНИЦИ НА ЗАЕВ Филипче отпатувал до Ниш за да се види со Счекич од „Ај медиа“?

СДСМ користи странска ПР поддршка за креирање на јавни настапи и соопштенија, со наводна улога на луѓе блиски до Зоран Заев, тврди ВМРО-ДПМНЕ. Партијата вели дека вклученоста на српски комуникациски структури во СДСМ отвора прашања за транспарентноста и за влијанието врз политичките пораки во Македонија.

857

Опозициската СДСМ со српска ПР машинерија ја манипулира јавноста, Башановиќ и Заев диригираат и ги влечат конците зад сцената, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ користи надворешна ПР поддршка за креирање на соопштенија и прес-конференции со кои ја манипулира јавноста.






„Зоран Башановиќ, екс советникот на Зоран Заев има клучна улога во ПР тимот на СДСМ и Филипче. Зоран Заев стои зад ангажирањето на ПР структурата.

Пред само неколку месеци, по препорака на Зоран Заев, Филипче оди во Ниш, Србија и остварува средба со Милан Счекич, човек кој сега е задолжен за штанцање на лажните соопштенија и прес-конференции на СДСМ.

Милан Счекич е лице задолжено за креирање на комуникациите, човек кој работи во српската ПР агенција “Ај медиа” (Eye Media), а преку Башановиќ и Заев е понуден да работи за СДСМ.

ПР активностите се координирани и водени од Скопје, екс советникот на Заев, Зоран Башановиќ и Милан Счекич, се сместени во скопскиот хотел Парк и од таму го водат центарот за лаги на СДСМ.

Токму затоа СДСМ е толку многу опседната со СНС и Србија. Вклученоста на странски ПР структури и лица, меѓу кои и Милан Счекич, отвораат сериозна дилема за транспарентноста и автентичноста на пораките што СДСМ ги пласира во јавноста.

Граѓаните заслужуваат вистина, а не конструирани наративи, навреди и манипулации. Политичката комуникација треба да се темели на факти, аргументи и отчетност, а не на сценарија креирани однадвор и странски институции спротивно на интересите на државата.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на транспарентност, отчетност и комуникација заснована на вистината и интересот на граѓаните“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини