СДСМ РАБОТИ ЗА ДУИ И ЗА БУГАРСКИТЕ ИНТЕРЕСИ Со нас допрва доаѓа времето на Македонија, порача Мицкоски од Кичево

Без задршка, без ограда излегува претседателот на СДСМ и зборува дека беусловно ќе го променел Уставот и ќе ги вметнел Бугарите во Уставот. Сега ми е јасно, зошто ја отфрлија секоја подадена рака од моја страна за државно единство за националните прашања. Затоа што во СДСМ политичарите се на копче, рече вечерва премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на трибина во Кичево.

810

Пред да започнам со говорот, сакам да соопштам две убави работи кои денес се завршија во македонското Собрание, рече вечерва премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на трибина во Кичево. Помина законот со кој на сите студенти во државата ќе добијат средства за таблет, лаптоп или компјутер и втората работа е ново покачување на пензиите, рече тој.

– Пред точно една година, народот донесе одлука. Реши да ја земе иднината во свои раце. По 7 години хаос, пониженост, криминал, уцени, поделби и страв, конечно дојде времето на правдата, на слободата, времето на работа. Доволно беше од заробена држава, доволно беше од корупциски скандали, од уценети функционери, од неми институции. Македонија беше држава во која владееше партијата, а не законот. Народот беше понижен, а криминалот беше наградуван. И тогаш, граѓаните гласно кажаа доста е. И го избраа патот на вистината и на исправноста. Ни ја дадоа довербата, да ја водиме оваа држава и од тој ден започна промената – рече Мицкоски пред кичевци.






Првата година ја посветивме на темелите – за да градиме иднина, мора прво да ги исправиме сите оние работи коишто беа погрешно поставени, додаде тој.

– Ги зајакнавме институциите. Го воспоставувавме законот. Го стабилизиравме економскиот курс на државата. Го скротивме хаосот кој што го оставија. Почнавме да вложуваме повторно во системот, а не во партиските џебови. Да вложуваме во човекот, во учениците, во земјоделците, во работниците, во младите, во пензионерите. Да вложуваме таму каде што е најпотребно. И можам да ветам и да кажам, дека тука нема да застанеме – рече Мицкоски.

Народот е изморен од лаги, од празни зборови и празни ветувања. Но, и тоа го знам, народот гледа кој работи, а кој се крие. Гледа кој вложува, а кој краде. Гледа кој се бори за Македонија, а кој ја продава, посочи премиерот.

– И затоа, ние како Влада, не бегаме од одговорноста. Ја носиме со гордост, затоа што оваа држава вреди да се бори за неа и да се спасува, од тоа што го наследивме. Вреди да се гради – рече Мицкоски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

Секој нов почеток е уште потежок, затоа што наследуваш веќе стекната состојба и не почнуваш од нула, туку од минус, додаде тој, и повторно, градиш темели, одново поставуваш столбови и ги засилуваш носечките кои дотогаш биле дотраени, кршени, рушени.

– Тие нови темели стануваат фундамент на новата иднина која заеднички ја градиме. Тие темели треба да го донесат времето на Македонија, време кое допрва доаѓа. Најдоброто кое допрва ќе се случи. Она што сите го очекуваме, сакаме, заслужуваме и за кое секој ден, се трудиме и чекор по чекор се бориме. Земја на пропсеритет, ред, развој, почит, човечност, земја на вредности. Земја со која ќе се гордееме, земја која ќе биде на вистинскиот пат, повторно твоја и ќе работи за тебе – рече Мицкоски.

Во образованието ја направивме најголемата промена досега, посочи Мицкоски.

– За првпат по 7 години, учебната година започна со над еден милион учебници, поставени на училишните клупи уште на првиот училишен ден. Нешто што не беше случај, кога владата ја предводеа СДСМ и ДУИ. Никој не веруваше дека е возможно, но ние покажавме дека кога има волја, има и резултати. Испечатени се над 100 нови наслови за средното стручно образование. Се градат нови училишта, се градат нови спортски сали, комплетно се реконструираат училишта, итн. Вложуваме и во студентите. По долгогодишен застој, конечно се одблокирани објектите за ФИНКИ и Факултетот за физичка култура. Тоа се генерации што нема да студираат во импровизирани простории, туку во современи згради, со современи услови. Во 2025 година, како што претходно можевте да видите, обезбедени се 38 милијарди денари за образованието. Тоа е најголемиот влог и буџет досега во обраованието. Тоа е јасна порака, дека иднината на Македонија е во знаењето – рече Мицкоски.

Знаеме дека без економски развој, нема стабилна држава и ја отворивме вратата за инвестициите, и домашни и странски, додаде премиерот.

– Секој ден разговараме со инвеститори, отвораме нови фабрики, нови работни места. Даваме поддршка на земјоделците, на стопанството, на приватниот сектор. Даваме шанса на младите да останат тука, дома, да создаваат тука, и да веруваат во својата татковина Македонија. Во Кичево ќе продолжиме да вложуваме. Нови локални патишта, водоводи и канализации. Ќе се инвестира и во спортот, и во културата, и во туризмот. Ќе ја вратиме поддршката за сточарите и земјоделците од овој крај. Ќе создадеме нови работни места. Ќе има можност за младите, и сигурност за повозрасните, фер услови за сите. Градиме држава која ќе ги слуша граѓаните, а нема да ги манипулира – рече Мицкоски.

Ова е само почетокот. Почеток на реформи. Почеток на нов развој. Почеток на Македонија што живее. Македонија што се гради. Македонија што се сака, потенцира Мицкоски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

– Од друга страна наспроти нашите напори и борби, имаме опозиција која боледува од вирусот на безидејноста, која не извлече ниту една лекција зошто се таму каде што се. Толку се слаби што, во овој момент некогаш големата СДСМ се сведе да биде застапник на одредени бугарски интереси и да е, за жал, нивната продолжена рака. И втората работа, која што исто така е карактеристична за СДСМ е да се борат на овие избори, не со тоа тие каков концепт ќе понудат, туку да работат по секоја цена ДУИ да има добар резултат и да ја спасуваат политичката кариера на политичарите од ДУИ, меѓу нив ина  Али Ахмети. Од некогаш големата СДСМ, станаа само на овие локални избори, овие две работи – рече Мицкоски.

И за овие две работи кои ги тврдам, има и конкретни чекори кои ги преземаат, додаде тој.

– Видете кој најгласно во Македонија зборува за уставните измени, чии полуги слугуваат на оние пропагандни и пред сè, лажни текстови каде се бројат измислени пасоши за македонски политичари. Без задршка, без ограда излегува претседателот на СДСМ и зборува дека беусловно ќе го променел Уставот и ќе ги вметнел Бугарите во Уставот. Сега ми е јасно, зошто ја отфрлија секоја подадена рака од моја страна за државно единство за националните прашања. Затоа што во СДСМ политичарите се на копче. И тоа го прават притиснати од својата безидејност и концесии од минатото. И затоа толку на ниско ја водат политиката. Нема несреќа која не ја злоупотребија и судбина која не ја искористија. Нема пожар за кој не направија прес-конференција, а сите знаеме дека најголемиот дел од нив се подметнати. Тие се водат од тоа колку полошо за народот, толку подобро за СДСМ. Значи вниманието кон себе не го вртат со работа или труд, туку со поделби, со омраза и со слугување. И затоа, тие кога знаат дека не се конкурентни со работа, идеи и концепти, нивната задача е ДУИ да го помогнат на овие избори. Затоа станаа нивен изведувач во политиката, за да спасат кариери, но така спасуваат и бизниси кои си ги почнаа додека заедно беа на власт. Народот не им верува и затоа воопшто немаат доверба. Неодговорно е таковото однесување кон самите себе, но и кон Македонија – рече Мицкоски.

Оваа година ги поставувавме темелите, од следната, градиме кат по кат, рече вечерва Мицкоски на трибина во Кичево.

Поврзани содржини