СДСМ: ПРОПАДНАА НАРАЧАНИТЕ АНКЕТИ НА ВМРО-ДПМНЕ Предвремените локални избори во три општини го покажаа тоа, смета СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ загуби во Маврово и Ростуше и Центар Жупа, а значителен пад имаше на изборите за советници во општина Тетово – се вели во партиската реакција.
Сите нарачани анкети на ВМРО-ДПМНЕ пропаднаа на вонредните избори каде Мицкоски убедливо загуби. Секогаш кога Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се фатени со рацете во медот и скандали, се обидуваат да го дефокусираат вниманието на јавноста. Предвремените локални избори кои се одржаа пред само еден месец ги потошија сите нарачани анкети, реагираше СДСМ на објавената анкета во која рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е за десет проценти повисок од тој на СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ загуби во Маврово и Ростуше и Центар Жупа, а значителен пад имаше на изборите за советници во општина Тетово. Сите нарачани анкети на ВМРО-ДПМНЕ пропаднаа на вонредните избори каде што Мицкоски загуби. Ништо не може да ја дефокусира јавноста од тоа што ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија и од фактот што нивни партиски функционери беа фатени со рацете во медот во тендерот вреден 136 милиони евра наменет за пречистителна станица во Скопје“ – се вели во соопштението на СДСМ.