СДСМ ПРАШУВА КОЛКУ МУ ПЛАТИЛ НАРКО БОСОТ БАРОН НА ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, Сиљановска и Филков да објаснат зошто помилуваат криминалци

СДСМ прашува која е позадината на помилувањето на криминалци од нарко кланови и ги повикува Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за правда Игор Филков денеска да дадат објаснување.

458

Опозицискиот СДСМ ги повикува претседателката Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за правда Игор Филков да објаснат како се случи помилувањето на криминалци од нарко клан и обвинуваат дека некој од власта зел пари за тие помилувања.

„Откако вчера ослободениот нарко бос јавно ѝ се заблагодари на Сиљановска, станува јасно дека ова е договорено сценарио. Сега останува само отворено прашањето: која е цената и кој ги земал парите за ова помилување? Прашањето е: што им  должи власта на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди на криминалците од нарко-кланот ѝБарон` и какви услуги им враќаат? Откако Сиљановска вчера се заплетка со својата несмасна изјава, а потоа беше демантирана од Гордан Калајџиев дека комисијата за помилување само дава мислење, а претседателката е таа што помилува, денеска е должна да излезе заедно со Мицкоски и да објаснат што е позадината на овој скандал. Го повикуваме и министерот Филков, кој два дена се крие во глувчешка дупка, да каже каква е неговата улога во целиот скандал и да не молчи“, соопшти утрово СДСМ.






Правната држава денес е погребана, се додава во соопштението, како и дека „безбедносната ситуација е сериозно нарушена, улиците се небезбедни, а граѓаните се плашат за својата безбедност, благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ“.

Поврзани содржини