СДСМ повторно ќе го извиси Милошоски

635

СДСМ повторно ќе го извиси претседателот на комисијата за надворешни работи Антонијо Милошоски, кој за во четврток повторно закажа седница на која треба да се расправа за „заеднички став и национални црвени линии наспроти меморандумот на Бугарија“. Кординаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески повтори дека не гледа потреба Собранието да расправа за таа тема.

– Станува збор за Комисија која вторпат се закажува, очигледно дека сакаат да ја држат таа тема во јавност. Jас и после завршувањето односно непочнувањето на Комисијата за надворешни работи, каде што беше како предлог дневен ред поставена истата точка, дадов изјава и ќе  ја повторам истата.
Јас и ние како пратеници не гледаме потреба да се отвори расправа во Собранието за нашиот идентитет и нашиот јазик. Факт е дека ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик, која е потребата за тоа да дискутира Собранието – изјави Митрески.






Останува да се види дали на комисиската расправа ќе присуствуваат министерот за надворешни Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Тие на претходно закажаната комисија не дојдоа.

 

Поврзани содржини