СДСМ: Попис ќе има оваа пролет, пропаднаа обидите на ВМРО-ДПМНЕ за блокирање

Според нив, државата, институциите, пред се Државниот завод за статистика, се подготвени и имаат капацитет да спроведат и ќе спроведат попис оваа пролет, согласно сите меѓународни стандарди и согласно прописите на Евростат.

245

Усвојувањето на Законот за попис на населението од страна на мнозинството во Собранието предводено од СДСМ го отвори патот за одржување на оваа најобемна статистичка операција во државата по цели 19 години, велат од владеачката партија.

Според нив, државата, институциите, пред се Државниот завод за статистика, се подготвени и имаат капацитет да спроведат и ќе спроведат попис оваа пролет, согласно сите меѓународни стандарди и согласно прописите на Евростат.






– Граѓаните треба да бидат спокојни и да им веруваат на институциите, бидејќи пробниот попис веќе беше поздравен од Европската комисија. Пописот ќе даде целосни, квалитетни и релевантни податоци кои се важни за натамошно креирање и реализирање на долгорочни политики и стратегии за развој на државата. Одново се поразени деструкциите на антидржавното ВМРО-ДПМНЕ предводено од докажаниот губитник Христијан Мицкоски. Не успеаја нивните обиди да се блокира носењето на овој важен закон, не успеаја обидите државата да остане без оваа важна статистичка операција, попис оваа пролет ќе има. Партизирањето на пописот е штетно и целосно непотребно, бидејќи тоа е статистичка операција, неопходна за да се планира развојот на државата – стои во партиското соопштение на СДСМ.

Поврзани содржини