СДСМ, ПЕНДАРОВСКИ И ДУИ МУ ВЕТУВААТ НА ГРУЕВСКИ НЕКАЗНИВОСТ Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ порачува дека валканите дилови нема да поминат

Сегашното раководство на СДС и Пендаровски и ДУИ му ветуваат на господинот Никола Груевски, поранешниот премиер, кривична неказнивост, а со цел обезбедување на доволен број на пратеници за гласање за уставните измени практично да се гласа за нешто против волјата на граѓаните – рече Ковачки.

730

„СДС, ДУИ и Пендаровски му ветувале кривична неказнивост на Груевски за уставни измени – Ние нема да отстапиме, уставни измени нема да има, но одговорност ќе има за сите“ – изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во гостување на вестите на Канал 5.

– Станува збор за еден сериозен предизвик во којшто се наоѓа нашата татковина Република Македонија. Факт е дека ова е битка на новата генерација на политичари на ВМРО-ДПМНЕ и ние таа битка ќе ја добиеме. Станува збор за еден план којшто е направен од страна на сегашното раководство на СДС, на претседателот Пендаровски и на поранешниот премиер Никола Груевски – рече Ковачки.






Тој во текот на своето обраќање ја објасни целата ситуација, односно дека сето ова што се случува на политичката сцена е поради тоа што сегашното раководство на СДСМ и Пендаровски и ДУИ му ветуваат Груевски кривична неказнивост се со цел да се обезбедат пратеници за уставните измени.

– За што станува збор? Сегашното раководство на СДС и Пендаровски и ДУИ му ветуваат на господинот Никола Груевски, поранешниот премиер, кривична неказнивост, а со цел обезбедување на доволен број на пратеници за гласање за уставните измени практично да се гласа за нешто против волјата на граѓаните – рече Ковачки.

Тој во врска со уставните измени порача дека нема промени во ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ние како пратеничка група остануваме цврсти на ставот дека до тоа нема да дојде. Ние не гласаме за нечии лични интереси, ние гласаме согласно волјата на граѓаните. Не може да се случи поединци да мислат дека за нивни лични потреби ние ќе отстапиме – рече Ковачки.

Според него „постојат докази дека Груевски прави со власта валкани дилови конкретно за уставните измени“.

– Да, постојат докази поврзани за таа работа. Знаете, ќе ве потсетам за измените во Кривичниот законик којшто е дел од тој план, значи за негова кривична неказнивост. Понатаму, верувам дека и во иднина би се случувале одредени поместувања на политичката сцена, меѓутоа како што ви реков, ние како политичари ќе издржиме и нема да отстапиме од тоа затоа што тоа од нас го бараат граѓаните – заклучи Ковачки.

Поврзани содржини