„СДСМ ПАДНА НИСКО ВО ЦРНА КАМПАЊА“ Трошоците за синот на Мицкоски во Вашингтон се приватно подмирени, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Синот на Мицкоски не е дел од официјалната делегација во НАТО самитот. Иако претседателот Мицкоски има право на придружен член на делегација, патувањето на неговиот син државата не ја чини ништо, односно сите трошоци се подмирени приватно од семејството на Мицокски. За разлика од времето кога премиерот на СДСМ Ковачевски ги донесе децата како членови на официјална делегација, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ реагира на, како што велат, црната кампања на СДСМ во која опозициската СДСМ тврдеше дека е скандал што во Вашингтон заедно со владината делагаија е и синот на премиерот Христијан Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ вели дека трошоците за синот на премиерот се подмирени приватно и дека тој не е дел од дел владината делегација.
Во продолжение го пренесуваме нивното соопштение:
„Не е малку што со години е предмет на најцрната кампања од СДСМ, за да сега (Славјанка) Петровска која доживеа изборен дебакл го вмешува синот на Мицкоски. Тоа значи дека го пробија дното.
Фактите се следни:
Синот на Мицкоски не е дел од официјалната делегација во НАТО самитот. Иако претседателот Мицкоски има право на придружен член на делегација, патувањето на неговиот син државата не ја чини ништо, односно сите трошоци се подмирени приватно од семејството на Мицокски. За разлика од времето кога премиерот на СДСМ Ковачевски ги донесе децата како членови на официјална делегација.
Ако делегацијата сакала да сокрие нешто сигурно немаше да има фотографии од истата. Напротив сè е транспарентно.
Ефектите од патувањето на претседателот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се повеќе од очигледни.
Над 20 средби со лидери на држави членки на НАТО.
Средба со врвот на НАТО.
Достоинствено преставување на македонските интереси.
2 крупни инвестициски одлуки.
Нова инвестиција на Вабтек, 35 милиони евра и над 100 вработувања.
Специјална економска соработка со Унгарија, 500 милиони евра за компаниите и општините.
Токму поради ова поразено однесување на СДСМ на наредните избори тие 180 илјади гласови кои ги освоија на последните избори ќе им бидат недостижна цел,с е наведува во партиската реакција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.