СДСМ отвори повик за кандидати за партиските работни тела

Повикот трае до 11 јуни а за сите детали, заинтересираните лица можат да се информираат на официјалната веб страна на СДСМ.

778

Во тек е отворен повик за пријавување кандидати за претседатели и членови на секретаријати на постојаните работни тела, односно Комисиите на СДСМ.

– Ги охрабрувам граѓаните, членовите, сите заинтересирани лица, да се пријават за член или претседател на една од вкупно 19 комисии на СДСМ, поделени по соодветни ресори. СДСМ е отворена за сите без разлика дали се членови на СДСМ или не. Сите граѓани кои имаат желба а се стручни, докажани и посветни во својата област на делување, лица кои уживаат углед и доверба од јавноста и кои се подготвени да дадат свој придонес во креирање и развојот на политиките на СДСМ – рече денеска на прес-конференција Сања Лукаревска, заменик претседателка на СДСМ.






Повикот трае до 11 јуни а за сите детали, заинтересираните лица можат да се информираат на официјалната веб страна на СДСМ.

– Ги отвораме вратите за сите оние кои се блиски до или се заинтересирани за идеите на социјалдемократијата, а досега не биле активно вклучени во политичкиот живот во нашата земја.
Еве подадена рака за активно учество во креирањето на нашите политики, но и кадровско учество во сите нивоа. СДСМ не е елитен клуб, туку обединител на сите граѓани со прогресивни идеи во Република Северна Македонија. Заедно да го продолжиме напредокот, борбата со пандемијата, со криминалот и корупцијата, борбата за правда и подобар живот за секој наш граѓанин, за нашиот народ – рече Лукаревска.

Поврзани содржини