СДСМ: Откако го запустија Истокот, Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ денес шират само лажни вести

1,944

Извршителите на Никола Груевски, Христијан Мицкоски и Игор Јанушев  уште еднаш потврдуваат дека единствено што знаат е да шират лажни вести и бесрамно да ги манипулираат граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е фејк-њуз партија заглавена во режимска матрица, реагира СДСМ.

– Откако режимот на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Груевски и неговите извршители Мицкоски и Јанушев го запустија и целосно го изолираа Источниот регион, денес од оваа партија знаат само да шират лажни вести и не нудат ништо конкретно за граѓаните. Граѓаните за само две и пол години видоа што значи вистинска грижа за нив, за Истокот и за целата држава. На Истокот се гради како никогаш досега. Три од четирите експресни патишта се градат на Истокот. Од  Штип до Радовиш, од Штип до Кочани, од Куманово до Крива Паланка граѓаните ќе патуваат по модерен, брз и безбеден пат – велат од СДСМ.






Од партијата додаваат дека се градат регионални и локални патишта, во секое село и во секое населено место.

– Се инвестира во патишта, се инвестира во граѓаните. Парите се враќаат кај граѓаните, се покачуваат плати, пензии, нешто што е несфатливо за Јанушев и за неговите партнери во криминалот. Граѓаните знаат дека за Јанушев и за ВМРО-ДПМНЕ барокот е поважен од граѓаните, сметките на Белизе се поважни од платите и пензиите, врбите и галиите се поважни од стечајците – велат од СДСМ.

 

Поврзани содржини