СДСМ ОРГАНИЗИРА ПАРТИСКИ ПРОТЕСТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ НА НАСТАВНИЦИТЕ Неделков го повика членството на СОНК да не оди на партиски настани
На протестот кој СДСМ ќе го одржи пред Министерството за образование ќе бара зголемување на наставничките плати за 12%.
Протест на наставници под партиска организација на СДСМ се организира утре Министерството за образование.
Под слоганот „Нема оправдување, покачете ги платите“ ќе побараме да се покачат платите во образованието за 12% и да им се исполнат барањата на наставниците. Овој собир, пред почеток на училишната година е еден аларм, едно предупредување. Тоа е собир на којшто ќе биде искажан револтот од погрешните политики во образованието од страна на Владата на ДПМНЕ и Весна Јаневска – изјави пратеничката на СДСМ Даниела Николова.
На пресот на СДСМ со реакција се огласи првиот човек на СОНК, Јаким Неделков која се оградува од секаков вид на политички протести кои се контрапродуктивни за членството.
„Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, како најголем синдикат за образование и наука, во кој членуваат над 20 000 просветни работници, се оградува од секаков вид на политички влијанија и дејствија во образованието. Во период на интензивни преговори за изнаоѓање решение и средства за подигнување на социјалниот статус на вработените во образованието, делувањето на политичките партии и преземањето на улогата на синдикатите, упатува на купување на ситни политички поени и може да има сосема спротивен ефект. Политичките партии имаа и имаат можност да докажат колку се загрижени за просветните работници, а тие знаат тоа најдобро да го оценат. СОНК ќе продолжи да делува со сите расположиви синдикални средства во натамошниот период, се до остварувањето на својата цел.
Членовите на СОНК нема да учествуваат на никакви партиски организирани протести и строго ќе внимаваат на мешањето на политиката во синдикатот“, напиша Неделков на Фејсбук.