СДСМ ОДРЕДИ УШТЕ 11 КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ Партијата ги објави имињата за Бутел, Велес, Гевгелија, Делчево, Демир Капија…

Членовите на Изборниот одбор на СДСМ донесоа одлука Оливера Ливриниќ да биде кандидатка за градоначалник на општина Бутел, Маја Хеско за Велес, Миле Атанасов за Гевгелија, Дејан Глинџарски за Делчево, Лазар Петров за Демир Капија, Благој Илиев за општина Конче. Кандидат за градоначалник на општина Кратово ќе биде Влатко Спировски, за Кривогаштани Игор Каравиловски, за Македонски Брод Ивица Стојковски, за Ранковце Даниел Крстевски и за општина Старо Нагоричане Далибор Трајковски.

332

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите на Извршниот одбор на СДСМ донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата, објави партијата во соопштение до јавноста.

1. Бутел – Оливера Ливриниќ
2. Велес – Маја Хеско
3. Гевгелија – Миле Атанасов
4. Делчево – Дејан Глинџарски
5. Демир Капија – Лазар Петров
6. Конче – Благој Илиев
7. Кратово – Влатко Спировски
8. Кривогаштани – Игор Каравиловски
9. Македонски брод – Ивица Стојковски
10. Ранковце – Даниел Крстевски
11. Старо Нагоричане – Далибор Трајковски






Од СДСМ велат дека партијата јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините.

Поврзани содржини