СДСМ ОБВИНУВА ЗА ПАРТИЗАЦИЈА НА ОПШТИНИТЕ Антикорупциска да постапи за увидите на Мицкоски во општините
Основ за постапување на Антикорупциска, според СДСМ, е тоа што градоначалниците наместо проектите да ги промовираат прес граѓаните на општините ги промовираат пред лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со што се врши група партизација на општините.
Социјалдемократскиот сојуз бара Антикорупциската комисија да отвори случај за, како што велат оттаму, грубата партизација на работата на градоначалниците од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Основ за постапување на Антикорупциска, според СДСМ, е тоа што градоначалниците наместо проектите да ги промовираат прес граѓаните на општините ги промовираат пред лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со што се врши група партизација на општините.
„ Секојдневно Христијан Мицкоски се појавува на настани во општините каде се продолжуваат проекти на претходните градоначалници.
Наместо пред граѓаните, градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ своите проекти ги промовираат пред нивниот партиски лидер. Изминатата недела во работно време градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вршеа увид и пуштаа во употреба локални проекти. Дали се тоа градоначалници на сите граѓани или градоначалници само на ВМРО-ДПМНЕ? Мицкоски со неговите увиди врши груба партизација на општините“, се вели во соопштението.
Од партијата се прашуваат во кое својство лидерот на ВМРО-ДПМНЕ врши увид и разговара со директори на општински јавни претпријатија.
„Во кое својство Мицкоски врши увиди па дури и разговара со директори на Јавни претпријатија под надлежност на општините? Мицкоски со ваквите постапки само докажува дека не е излезен од режимската матрица, од времето кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше и премиер и министер и градоначалник. Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски е само копија на неговиот ментор и криминалец во бегство, Никола Груевски“, се наведува во соопштението.
Од партијата ја прашуваат антикорупциска дали ќе реагира на, како што велат, оваа злоупотреба или чека некој друг да поднесе претставка?