СДСМ ОБВИНУВА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДЕМАНТИРА Законско ли е назначувањето ревизор во општина Гази Баба?

Со ова прекршен е Член 36 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола. Но, не и последно. Неовластеното лице кое било незаконски избрано за ревизор, било исто така незаконски задолжено да изврши ревизија на работата на детската градинка „Детска Радост, рече Кузеска.

271

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Александар Трајковски ги демантираше денешните обвинувања на СДСМ дека незаконски назначил ревизор без положен испит и лицена за таа функција за да извршува увид во работата на градинката „Детска Радост“.

Утринава на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, рече дека тој го назначил Добри Петров со цел по ревизијата да следува разрешување директорката, а го наведе и фактот дека ревизорот извештајот првин го доставил до градоначалникот, а не до градинката.






Еве што таа рече:

– „Станува збор за Добри Петров, назначен за вд директор на Јавното комунално претпријатие Гази Баба. Листата на овластени ревизори е лесно достапна на веб страната на Институтот за овластени ревизори и јасно е дека Добри Петров нема положен испит за внатрешен ревизор и нема лиценца. Со ова прекршен е Член 36 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола. Но, не и последено. Неовластеното лице кое било незаконски избрано за ревизор, било исто така незаконски задолжено да изврши ревизија на работата на детската градинка „Детска Радост – рече Кузеска.

Овие обвинувања градоначалникот ги негираше и веднаш се огласи со свој демант. Истиот го пренесува во целост:

„Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски целосно ги демантира наводите истакнати во денешната прес конференција на политичката партија СДСМ како невистинити и со цел замајување на јавноста и граѓаните.

Лицето Добри Петров беше вработено лице во општина Гази Баба на работна позиција Советник во одделението за внатрешна ревизија на јавните установи од 2013 година.

За внатрешни ревизори можат да бидат назначени лица кои покрај општите услови утврдени со закон ги исполнуваат и посебните услови од членот 36 став 3 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола кои лицето Добри Петров во целост ги исполнува. СДСМ немаат познавање ниту на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, ниту на Правилникот за начинот на извршување на внатрешната ревизија и начинот на известување за ревизијата.

Ја упатуваме Богданка Кузеска од СДСМ да се информира од нивниот претходен градоначалник на општина Гази Баба Борис Георгиевски за тоа како за време на целиот негов мандат примал ревизорски извештаи на кој е потпишано лицето Добри Петров како овластено лице кое вршело ревизија во име на општина Гази Баба на јавните установи.

Во прилог на демантот доставуваме потпишани ревизорски извештаи од спроведена ревизија во периодот на мандатот на претходниот градоначалник од редовите на СДСМ.

Времето на СДСМ во општина Гази Баба заврши.

Општина Гази Баба се гради и менува. Следуваат години на напредок и развој, години на реализација на голем број на проекти со кои ќе се подобри животот на граѓаните на општина Гази Баба“, се вели во соопштението од Општина Гази Баба.

Поврзани содржини