СДСМ: Обновата на ВМРО-ДПМНЕ е обнова на мафијата

СДСМ ќе продолжи и понатаму да вложува во надоместување на изгубеното зеленило и заштита на животната средина, за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани, наведено е во соопштението.

278

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како партија во чие време царуваше урбаната мафија, обвини денеска СДСМ.

СДСМ вети дека ќе стави крај на урбаната мафија и бетонскиот изглед на Скопје и тоа го прави.






„Очигледно на профитерската ВМРО-ДПМНЕ која е научена само да зема од граѓаните сега им смета и новиот парк кој власта предводена од СДСМ го прави за граѓаните. На местото на  шутот и ѓубрето или урбаната депонија која ја остави зад себе ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот градоначалник на Карпош, Јакимовски треба да се изгради зелен појас – продолжение на Градскиот парк, на површина поголема од 65.000 м2. Сите обиди и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ за овој зелен појас им паѓаат во вода. Новиот парк се изведува на јавна површина со намена Д3 – спорт и рекреација и  воопшто не се работи на делот каде што се бунарските води, а истиот е со намена Д2 – заштитно зеленило. Очигледно за ВМРО-ДПМНЕ се што нема личен профит, не е вредно да се прави. И додека, СДСМ и власта која ја предводи се залага за обнова на зеленилото и зголемување на неговите површини, ВМРО-ДПМНЕ се залага за обнова на урбаната мафија, повеќе бетон и уништување на населби како што ја уништи населбата Тафталиџе“, се вели во соопштението.

Таму е наведено дека опозициската партија никогаш не се грижела за граѓаните и за нив е важен само личниот интерес и профит.

„СДСМ ќе продолжи и понатаму да вложува во надоместување на изгубеното зеленило и заштита на животната средина, за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини