СДСМ ОБЈАВИ НОВИ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ Оливер Илиевски ќе му се спротивстави на Димитриевски во Куманово

Во Центар кандидат ќе биде Горан Герасимовски, во Битола, Христо Кондевски., а во Струмица Костадин Костадиновски.

1,761

СДСМ денеска објави нов сет на  кандидати за градоначалници. На Максим Димитриевски во Куманово ќе му се спротивстави Оливер Илиевски, во Центар  кандидат на СДСМ е  Горан Герасимовски, во Ѓорче Петров кандидат ќе биде досегашниот градоначалник Александар Наумовски

-Од вкупно 69 кандидати за градоначалници колку што кандидира партијата една третина се нови лица и доста од нив се млади- рече Генералниот секретар на СДСМ,  Љупчо Николовски.






Тој најави дека во Гостивар, Дебар, Пласница, Боговиње, Чаир, Сарај и Липково ќе поддржи кандидати на коалицијата.

До 8 септември ќе биде објавно и името на кадидатот за градоначаник во Кочани.

Еве кои се кандидатите на СДСМ за градоначалници во останатите општини:

Битола –  Христо Кондовски, бизнисмен

Македоснка Каменица – Соња Стаменкова, актуелен граодначалник

Шуто  Оризари –  Асан Ферат, бизнисмен

Кривогаштани – Никола Мисовски,  инженер агроnом

Струга  – Димче Шипинкаровски, бизнисмен кој управувал со Фонд за здравство во Струга

Гевгелија  – Сашко Поцков, актуелена градоначалник

Дебарца – Игор Крцковски, директор на ЈП за комунални дејности во општината

Чучер Сандево  – Сашко Комненовиќ

Македоснки Брод  – Живко Силјановски, актуелен градоначалник,

Долнени  – Аднан Џаферовски,

Врапчиште –  Џезми Мамути, бизнисмен

Радовиш –  Коле Чаракчиев, актуелен пратеник

Крива Паланка  – Сашко Митовски, бизнисмен

Струмица –  Костадин Костадинов, актуелен пратеник и портпарол на партијата.

Поврзани содржини