СДСМ НЕМА ВИЗИЈА НИТУ ЗА СЕБЕ, НИТУ ЗА ДРЖАВАТА, ЗАТОА Е НА ПОЛИТИЧКОТО ДНО Сè што знае е да ги распродава држвните интереси
Наместо да повикаат на одговорност, транспарентност и борба против криминалот, тие го штитат Артан Груби и бегаат од темата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСM сервилна, талка без стратегија и без јасна цел ниту за партијата, а уште помалку за државата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Единствено нешто што знаат во СДСМ сервилна, е да ги распродаваат државните интереси, да креираат коруптивни шеми, да делат проценти и провизии и да се обидуваат да го заташкаат криминалот во сопствените редови“, се вели восоопштението.
СДСМ, се додава, е целосно изгубен во сопствената реторика и без јасна насока.
„СДСМ на чело со Филипче, а под менторство на Заев е без компас и без стратегија. СДСМ нема јасна цел, излегува со конфузни и контрадикторни пораки. СДСМ испраќа исти копи пејст соопштенија, прес-конференции без суштина и со десетици контрадикторни тези за иста тема“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ е дезориентирана партија и нема политичка визија, талка без план и без одговор на клучните прашања во општествените случувања, се додава во соопштението.
„Раководство на СДСМ како Венко Филипче, Оливер Спасовски, Јованка Тренчевска, Јон Фрчкоски кажува секојдневно некакви приказни и прави театар. Наместо да повикаат на одговорност, транспарентност и борба против криминалот, тие го штитат Артан Груби и бегаат од темата. До толку се исплашени од Груби и контрадикторни што самите се заплеткаа во лавиринтот на криминал и коруптивните мрежи. СДСМ на чело со Филипче, нема визија ниту за сопствената партија, ниту за државата, токму затоа се на политичкото дно“, порача ВМРО-ДПМНЕ.
На Македонија ѝ е потребна одговорна и конструктивна опозиција, а на политички театар, додава партијата.
„Во Македонија право и правда мора да има, а институциите да профункционираат. Секој што го прекршил законот мора да одговара“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.