СДСМ НЕМА ПОНУДА И НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ АЛТЕРНАТИВА НА ВМРО-ДПМНЕ Партијата ја водат едни исти крајно корумпирани ликови

СДСМ ниту работи на програмско освежување, ниту работи на својата идеологија, која веројатно им е изгубена некаде по пат по поразите, ниту пак работи на кадровско освежување, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

144

Едни исти ликови коишто се крајно корумпирани се водачите на опозициската СДСМ, којашто ја заглави Македонија во калта, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

– СДСМ ниту работи на програмско освежување, ниту работи на својата идеологија, која веројатно им е изгубена некаде по пат по поразите, ниту пак работи на кадровско освежување. На луѓето им е здодеано гледајќи ги едни исти ликови кои се крајно корупмирани и коишто во изминатиот период покажаа дека со својата неспособност и со својот полтронизам ја заглавија Македонија во калта и ВМРО-ДПМНЕ сега треба да ја извади на пат во којшто сите веруваме дека треба да одиме, а тоа е Европската Унија – посочи Ковачки на гостување на поткастот „Проверитас“.






Тој истакна дека во моментот главната опозициска партија СДСМ, не работи на програма и на визија.

– За да имате опозиција, треба да имате идеолошка опозиција, јас не гледам идеолошка опозиција од другата страна, тука е проблемот. Кадровската понуда којашто се нуди на граѓаните од другата страна е девастирана, структура којашто не може да доминира, односно не може да биде понуда и алтернатива на политиките на ВМРО-ДПМНЕ – заклучи Ковачки.

Поврзани содржини