Кај опозициската ВМРО-ДПМНЕ очигледно сè уште силно е присутна режимската матрица и навиките за криминално и коруптивно дејствување, па во сé гледаат провизии, реагираше СДСМ преку соопштение.
„Нема ништо противзаконско во набавката на вакцините од НР Кина. Додека целиот свет е во јагма по вакцини, Владата предводена од СДСМ прави секакви напори за набавка на вакцини преку сите можни канали, а писмо со намери било доставено преку десетина фирми од неколку држави. Со ова потона уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа што лажните вести на Мицкоски, ги брани Антонио Милошоски, осуден и казнет за кривични дела во Германија покажува колкав е очајот во белиот дворец. Од ВМРО-ДПМНЕ во текот на целата пандемија видовме само лажни вести, дезинформации, опструкции, обиди за поткопување на здравствениот систем и лажна загриженост за здравјето на граѓаните“, наведено е во соопштението.