СДСМ НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ И РЕШЕНИЈА, ПА БЕГА ОД ОДГОВОРНОСТ Со самоизолацијата од лидерската средба Филипче се штити од соочување

СДСМ дејствува во некоја зона каде е многу тенка линијата со реалноста, тоа го докажаа во расправите на пленарните седници, избегнуваат расправи и во рамките на Комисиите, ретко ги гледаме во дебатните емисии. Се надевам дека тоа не е некоја нивна политика или нивна стратегија, бидејќи тоа не води кон ништо, веливели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.

1

Типично бегање од одговорност, кога немате решение, кога немате легитимитет или кредибилитет, нормално е дека ќе бараат начин како да избегнат соочување или размена на аргументите и фактите, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски, во врска со одлуката на опозициската СДСМ да не оди на лидерската средба иницирана од премиерот Христијан Мицкоски.

Тој вели дека тоа е погрешна стратегија.






Јаревски укажа на отворениот простор за дискусија што го оставија премиерот Мицкоски и Владата, за сите прашања и за сите теми, без однапред утврден дневен ред за лидерската средба, а потсети и на принципиелните и конзистентни ставови на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се земат предвид сите можни мислења и предлог решенија кои би креирале подобра иднина за државата.

– Ете се потврди уште еднаш, вие со сила на човек можете да му земете, не можете да му дадете. Просторот за дискусии стои, беа поканети сите лидери и претставници на политички партии коишто имаат пратенички групи во Собранието. Верувам дека секоја таква средба може да донесе само позитивен исход – рече Јаревски во гостување на телевизијата Њузмакс Балканс.

Не станува збор само за државнички одлуки, додаде тој, станува збор за одговорен или неодговорен пристап кон раководењето и учеството во раководењето на државата.

– Не се само критичните моменти кога треба да имаме општ консензус за работите. Секогаш треба да се има инклузивен пристап и инклузивен процес во размислувањата – рече Јаревски.

Осврнувајќи на изолираноста на СДСМ од политичкиот дијалог, Јаревски посочи дека тоа е доказ за нивниот неодговорен пристап и деструктивност, изразена преку избегнување од соочување со дискусии, разговори и со аргументи.

– За жал, оваа опозиција продолжува со нивниот неодговорен однос. Тие дејствуваат во некоја зона каде е многу тенка линијата со реалноста. Тоа го докажаа и во расправите претходно на пленарните седници, избегнуваат расправи многу често и во рамките на Комисиите, ретко ги гледаме во дебатните емисии. Се надевам дека тоа не е некоја нивна политика или нивна стратегија, бидејќи тоа не води кон ништо – рече Јаревски.

 

Поврзани содржини