СДСМ НЕМА ДА ГО ПОДДРЖИ РЕФЕРЕНДУМОТ Од партијата на власт велат дека опозиционерот Мицкоски е против ЕУ

Најавите за референдум против заклучоците на Собранието за заштита на македонскиот идентитет, и против тоа македонски јазик во ЕУ не се ништо друго освен обична фарса на Мицкоски за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ, порача портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција.

623

На Христијан Мицкоски кому му пропаднаа сите обиди да ја закочи државата, да ја блокира европската иднина, не му успеаја крвавите сценарија за дестабилизација, му потонаа сите лаги, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција.

– Со еден збор, сѐ што кажа Христијан Мицкоски излажа. Мицкоски тоне сѐ подлабоко, а со себе сака да ја повлече и целата држава. Тоа СДСМ заедно со граѓаните нема да го дозволи. Најавите за референдум против заклучоците на Собранието за заштита на македонскиот идентитет, и против тоа македонски јазик во ЕУ не се ништо друго освен обична фарса на Мицкоски за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните многу добро знаат дека токму ВМРО-ДПМНЕ бараше референдум и за Договорот од Преспа, а потоа го бојкотираше. По налог на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ собираше потписи и за иницијатива за референдум за пописот, па потоа се откажа. Тоа што сѐ уште не знаат какво прашање да постават пред граѓаните зборува дека на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски не им важен ниту македонскиот јазик, ниту интересите на граѓаните. Тие имаат за цел само да направат штета на државата, да ја попречат европската интеграција заедно со проруската Левица и ништо повеќе – рече Кузеска.






Впрочем, додаде таа, и самите граѓани видоа дека седниците на Извршниот комитете на ВМРО-ДПМНЕ се обична фарса, таму ништо не се одлучува, само се потврдувата желбите на Мицкоски.

– Мицкоски е единствен член на Извршниот комитет  а тоа го покажува и веб страната на ВМРО-ДПМНЕ. Како да живее само да го надмине својот ментор од Бидимпешта. Досега сите лаги на Мицкоски се разобличени, сите негови обиди се пропаднати, така ќе биде и овој пат. Референдум против македонски јазик во ЕУ не е потребен. СДСМ нема да поддржи референдум којшто е против заштита на македонскиот јазик, идентитет, историја и посебност во преговорите со ЕУ – рече Кузеска.

ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ МОЖЕ ДА БИДАТ ФАТАЛНИ ЗА ДРЖАВАТА Не смееме да си дозволиме „плукни-залепи“ операција

Поврзани содржини