СДСМ НЕКА КАЖЕ КОЈ ЗАКОН Е ПРЕКРШЕН Ковачевски ѝ додели земјиште за фотоволтаици на сопругата, а Заев му даваше тендери на својот брат

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ѝ одговори на опозициската СДСМ која претходно обвини дека во Министерството за дигитална трансформација се случува серија скандали - поврзани со непотизам, судир на интереси и со сомнителни тендери, за кои, според СДСМ, институциите молчат.

601

„СДСМ да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација? Дали вработениот, кој го посочуваат, е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките? Наместо да манипулираат, СДСМ треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како досега“.

Ова се наведува во соопштението на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ како одговор на опозициската СДСМ која претходно ја Владата за непотизам.






„Да потсетиме дека премиерот од СДСМ, Ковачевски, ѝ даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше. Премиерот на СДСМ, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и на роднините. СДСМ е партија чиишто претседатели делеа бизниси на своите семејства“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, СДСМ ја обвини владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека во Министерството за дигитална трансформација се случува серија скандали – поврзани со непотизам, судир на интереси и со сомнителни тендери, за кои, според СДСМ, институциите молчат.

„По објавувањето на скандалот за судир на интереси во Министерството на Стефан Андоновски, каде што тендер доби сопругот на Државната секретарка, ДКСК отвори предмет. Граѓаните сѐ уште чекаат да постапи Јавното обвинителство за случајот, за истиот да добие разрешница.

Додека целата јавност беше во тага и болка за несреќата во Кочани, каде што загинаа 59 млади луѓе, а речиси 200 беа повредени, на само 3 дена по трагичниот настан, Андоновски побара извинување од СДСМ. Шокантно е што барањето за извинување пристигна на 19 март на самиот ден на погребот на загинатите од несреќата кога целата нацијата беше во шок. Тоа го покажува степенот на загриженоста на министерот за трагичниот настан“, се вели во соопштението на партијата.

СДСМ е одговорна партија која се бори секогаш да излезе вистината на виделина, се додава во соопштението, и да зборува во насока на заштита на јавниот интерес пред се! Токму затоа, велат од СДСМ, наместо извинување до министерот Андоновски, денес ќе објавиме индиции за уште еден скандал.

„Станува збор за тендер од 600.000 денари за набавка на систем за контрола на пристап, добиен од фирмата „БОКИ СИМПЛ ТЕК СОЛУШНС” ДОО Скопје. Според информации од свиркачи кои ги добивме, сопственици на оваа фирма се родителите на Борче Младеновски, инаку вработен во ИТ секторот на истото министерство. Го повикуваме Андоновски да излезе и да одговори дали е ова точно? Дали тендерот, тежок 600.000 денари, завршил кај родителите на вработен во министерството? Индикативен е називот на е-пораката која правното лице ја има дадено во доставената документација за контакт со министерството, која гласи [email protected]“, обвинува СДСМ.

СДСМ се обиде го најде список на вработени во Министерството за дигитална трансформација, велат од партијата, но на веб-страницата на министерството тој податок не е достапен, таму стои дека сѐ уште тој документ е во изработка.

„Дали на повидок е уште еден скандал на непотизам и конфликт на интереси во министерството на Андоновски? Неселективноста и неселективната правда се потребни за сите други случаи на власта, кои ги прави, а не само за трагедијата во Кочани. Институциите не смеат да молчат за тендерските мрежи на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи станува збор за пари на граѓаните“, се додава во соопштението на СДСМ.

Поврзани содржини