СДСМ НЕ СМОГНА СИЛИ НИТУ ДА ГО ЧЕСТИТА 23 ОКТОМВРИ Зарем навистина мислат дека државата се создала без борба?
Каде е СДСМ да го честита празникот, или можеби и натаму Венко Филипче размислува како претходниот Зоран Заев дека Бугарите биле администратори, а дека македонскиот јазик не постои? Дали навистина СДСМ сметаат дека македонската држава се создала без никаква борба и жртва како што тврдат во Бугарија и како што кажа Заев?, прашува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
ВМРО-ДПМНЕ изрази длабоко разочарување од, како што велат, „односот на СДСМ кои денес не најдоа елементарна државничка сила да испратат честитка до граѓаните по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври“.
Во соопштение до јавноста ВМРО-ДПМНЕ реагира дека СДСМ покажала целосно непочитување кон историските вредности и борбата на македонскиот народ за слобода и независност.
„Каде е СДСМ да го честита празникот, или можеби и натаму Венко Филипче размислува како претходниот Зоран Заев дека Бугарите биле администратори, а дека македонскиот јазик не постои? Дали навистина СДСМ сметаат дека македонската држава се создала без никаква борба и жртва како што тврдат во Бугарија и како што кажа Заев?
За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на одржувањето на овие свети идеали и на чувањето на македонскиот идентитет и национално достоинство.
Ги повикуваме граѓаните да се обединат околу вредностите кои нè поврзуваат и да продолжат да ја слават борбата за слободна и суверена Македонија, бидејќи револуционерниот дух е жив и борбата за нашата татковина продолжува“, се вели во соопштението.