СДСМ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ИЗБОРИТЕ Регистрирани се 23.373 членови кои ќе можат да гласаат

Ниту партијата, ниту кандидатите не го прифатија повикот на кандидатката Славјанка Петровска изборите да се одложат за подобри времиња. Таа денеска соопшти дека се откажува од трката, така што остануваат тројца кандидати за нов лидер - Венко Филипче, Александар Бајдевски и Јован Деспотовски. 

392

Утре, 30.06.2021 година, недела, СДСМ организира вонредни внатрепартиски избори, соопшти партијата. Ниту партијата, ниту кандидатите не го прифатија повикот на кандидатката Славјанка Петровска изборите да се одложат за подобри времиња. Таа денеска соопшти дека се откажува од трката, така што остануваат тројца кандидати за нов лидер – Венко Филипче, Александар Бајдевски и Јован Деспотовски.

СДСМ соопшти дека избирачкиот список брои 23.373 членови кои ќе може да го остварат своето право и да гласаат на 77 избирачки места ширум републиката.






Партијата во текот на денот ќе информира за излезноста.

 

Поврзани содржини