СДСМ НЕ САКА ДА ОДИ НА ИЗБОРИ Оставка да си поднесе Мицкоски

Од СДСМ велат дека во наредниот период ќе се обидат да го зголемат парламентарното мнозинство, со цел да се овозможи функционирањето на Собранието и на Владата.

1,033

Од СДСМ порачаа дека дека не е време за предвремени избори, бидејќи државата е исправена пред големи предизвици. Оттаму го повикаа лидерот ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да си поднесе оставка.

– Мицкоски треба да излезе пред граѓаните да им се извини и да даде оставка. Криење зад брзи избори навистина нема смисла пред граѓаните после толку кажани лаги. Сега не е време за избори, време е за одговорност бидејќи сме соочени пред многу предизвици како што е енергетската криза, живеачката на граѓаните, пандемијата, продолжување на патот кон ЕУ, и токму затоа време е за одговорност и не е време за брзи и предвремени избори – велат од партијата.






Од СДСМ велат дека во наредниот период ќе се обидат да го зголемат парламентарното мнозинство, со цел да се овозможи функционирањето на Собранието и на Владата.

Поврзани содржини