„СДСМ НЕ МОЖЕ ДА ИМА ЦРВЕНИ ЛИНИИ“ Петрушевски вели дека тоа е уште една лага на Филипче
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Филипче праќа порака до Бугарите дека е спремен на се, и тоа народот го гледа.
СДСМ не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на(Зоран) Заев во која се колнеше. СДСМ и Венко Филипче или имаат многу лош ПР или мислат дека народот заборава кои се тие, рече на прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
– СДСМ се партијата чиј претходен претседател и ментор на Филипче, Заев, викаше како ако го смени името ќе му се скине жицата, го смени, а од жицата ништо. Сега и Филипче си најде своја жица, ја нарекува црвени линии, а всушност се бонбона бизнис за Бугарија, државата од каде со Заев вртат милиони, од адреси каде фирма има и тој самиот – рече Петрушевски.
Тој смета дека со тоа Филипче праќа порака до Бугарите дека е спремен на се, и тоа народот го гледа.
-Никој не очекува од СДСМ и Венко национална политика, сите знаеме што се крие зад тоа, затоа и ќе бидат казнети на овие избори со историски најслабиот резултат -вели Петрушевски.