Христијан Мицкоски потврди дека го интересира само власт, по секоја цена, и дека не станува збор за никаква политичка идеја, нема никакви вредности, нема платформа. Денеска народот слушна од Мицкоски дека целта му била да руши Влада со политичка партија која е дел од актуелната влада – БЕСА, дека земјата ќе ја носел напред ама со анти-НАТО и анти-американски коалицискио партнер – Левица, реагираше СДСМ на прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Можеби ќе ве интересира
„На следниот состанок на масата на новата коалиција останува да ги стави фотографиите од Орце Камчев, Никола Груевски и Сашо Мијалков и да изјави дека заедно ќе го расчистуваат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Не може тие што ги кочеа сите прогресивни процеси, интерграцијата во НАТО и ЕУ, порастот на платите да бидат опција за иднината. Конфликтот на принципи, конфликт на ставови, конфликт на политики и конфликтот на вредности на сите овие политички субјекти кои ги споменува Мицкоски не може да испорача ништо за интересот на граѓаните, ниту пак за националните интереси на државата“, велат од СДСМ.
СДСМ ги повика на соработка и како што нагласи, на одговорно застанување на страната на демократската опција сите прогресивни демократски сили и сите пратеници кои се за европска иднина на нашата држава, за правда и за економскиот напредок.