СДСМ на пат кон самоуништување, или – зошто ова куче е поглупаво од својата опашка

Како СДСМ си измислува противници и од нив прави суперхерои.

302

Во изминатиот период сè уште најголемата опозициска партија СДСМ преку соопштенија и прес конференции се расправаше со новинарот Бранко Героски.

Потоа, влегоа во сериозна кампања против докторот Жан Митрев, а еве од денеска и против новинаерот Драган Милосављевиќ.






Станува збор за тројца целосно различни карактери, луѓе со различни интереси, афинитети и ставови. Всушност, единствено заедничко за тројцата е што нив на избори, реално никој не ги гласа. Не ни верувам дека имаат намера некој да ги гласа, живеат пристојно од своите професии.

За разлика од СДСМ, никој од нив тројца не учествува на избори.

Оваа нивна особина, во војната со СДСМ ги прави суперхерои кои на СДСМ може да му намесат штета, додека од друга страна СДСМ ним не може да им нанесе никаква штета. Едноставно, играат друг натпревар.

Основата на политичкото делување на опозициите на планетата Земја е да ни ги претстават сите погрешни политики на власта и да ни понудат подобри.

Расправајќи се со луѓе кои реално не се дел од власта, СДСМ го трасира патот кон своето самоуништување.

Во култниот политичко-сатиричен филм „Мавтај го кучето“ (1997), провејува една поента која гласи:

„Зошто кучето ја мавта опашката, а не опашката кучето? Затоа што кучето е попаметно од опашката. Ако опашката беше попаметна, таа ќе го мавташе кучето“.

Во битката со непријател кој нема што да изгуби, непријателот е кучето, а вие сте опашката…

(Фејсбук статус на авторот)

Поврзани содржини