СДСМ НА 6 АПРИЛ ЌЕ ИЗБИРА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРТИЈАТА Актуелниот Венко Филипче е единствениот кандидат
Изборите за претседател на СДСМ беа закажани за 16 март, но партијата ги одложи откако ноќта на 16 март се случи кафастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 59 лица, а околу 200 се повредени.
Членовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во недела, на 6 април, на внатрепартиски избори ќе избираат претседател. Оваа одлука е донесена синоќа на седница на Центалниот одбор на СДСМ.
Како што претходно утврди Централната изборна комисија на партијата, единствен кандидат за претседател на СДСМ е актуелниот лидер, Венко Филипче.
Изборите за претседател беа закажани за 16 март, но партијата ги одложи откако ноќта на 16 март се случи кафастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 59 лица, а околу 200 се повредени.
При закажувањето на изборите на 16 март партијата најави дека тие ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ на 78 избирачки места, кои ќе бидат отворени од 08 до 20 часот. Регистрирани се 22.717 членови, кои имаат право да гласаат.
Филипче беше избран за претседател на СДСМ на вонредни внатрепартиски избори на крајот на јуни минатата година, откако неговиот претходник Димитар Ковачевски поднесе оставка по лошиот партиски резултат на парламентарните и на претседателските избори.